Connect with us

Фудбал

Трета земја во светот по бројот на заразени, но фудбалот ќе се игра со публика

Во целиот свет бројот на инфицирани со Ковид-19 достина 5,7 милиони. Први се САД, следува Бразил, а на третото место по број на заразени лица е Русија.

Сепак, тамошните медиуми објавија дека властите дозволиле присуство на навивачи на фудбалските стадиони.

Сепак, ќе има одредени ограничувања. Во прва фаза клубовите ќе можат да продаваат 10 отсто билети од вкупниот капацитет на стадионот, а треба да се направи протокол на кој начин и на каква дистанца ќе седат навивачите.

Во Русија досега има 387.623 заразени, 4.374 починати лица.