Connect with us

Фудбал

Трето засилување: Бразилецот Да Силва во нападот на Шкендија

Бразилецот Игор Вандерсон да Силва е трето засилување зимава за актуелниот прволигашки лидер Шкендија.

24 годишниот Вандерсон Да Силва потпиша договор од година ипол со тимот на Шкендија и за него ова ќе биде трет европски клуб после Бурсаспор и Газиантеп.

Во својата кариера покрај турските клубови Бурсаспор и Газиантеп, на домашно тло беше дел од Агуа Санта и Метрополитано каде што ја започна кариерата.

„Добро е чувството да се биде тука. Сè е ново за мене, учам секој ден за градот, за клубот. Верувам дека моите амбиции се исти како и на клубот. Целта е екипата да биде шампион, добро игра во Европа, и тие се моите цели. Кога понудата дојде, беше како љубов на прв поглед – рече Да Силва по потпишувањето на договорот.