Connect with us

Фудбал

Третолигаш одби „шмекерска“ понуда од Реал Мадрид

Челниците на Реал Мадрид направија гест вреден за пофалба, така што понудиле мечот од Купот на кралот да се игра на нивниот стадион „Сантјаго Бернабеу“, а целиот приход од влезниците да припадне на нивниот противник, третолигашот Унионстас.

Сепак, клубот од Саламанка ја одбил таквата понуда и пронашол друго решение, откако беше познато дека мечот не може да се игра на нивниот стадион кој има само 4 илјади места и не ги исполнува условите за директен телевизиски пренос.

Како што пренесуваат шпанските медиуми Реал Мадрид вечерва во шеснаесетфиналето од купот против Униостас ќе го игра на „Ел Елмантико“ кој се наоѓа во близина на нивниот дом и има 20 илјади места.

Мечот почнува во 21 часот.

loading...

Куп на кралот (Шеснаесетфинале)

Парови, среда:

Ибица – Барселона

Елче – Атлетик Билбао

Логронјес – Валенсија

Униостас – Реал Мадрид

Тенерифе – Ваљадолид

Бадалона – Гранада

Џинора – Виљареал

Реал Сосиедад – Еспањол

Четврток:

Ебро – Легањес

Мирандеш – Селта

Културал Леонеса – Атлетико Мадрид

Бадахоз – Еибар

Рајо Валјекано – Реал Бетис

Одиграно во вторник:

Рекреативо – Осасуна 2:3 (по продолженија)

Сарагоса – Мајорка 3:1

Севиља – Леванте 3:1

 

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com