Connect with us

Фудбал

Три кандидати во игра за нов тренер на Барселона

Шпанскиот стручњак Ернесто Валверде се наоѓа во незгодна ситуација откако Барселона претрпе шокантен пораз во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп.

Барса беше поразена со 3:2 од Атлетико Мадрид по пресвртот во финишот на натпреварот. Валверде се најде на голем удар по натпреварот, а шпанските медиуми тврдат дека може да биде отпуштен во наредните денови.

За понеделник е закажана средба на раководството на каталонскиот клуб, а главна тема ќе биде Валверде. Но, според „Мундо Депортиво“, тој веројатно ќе остане тренер до крајот на сезоната кога ќе го склучи договорот со Барселона.

Веќе на широко се шпекулира кој би можел да биде нов тренер на Барселона кога Валверде ќе го напушти клубот, а тројца тренери се на мета. Прва желба е Роналд Куман, кој веќе најави дека ќе биде достапен само за лето.

Доколку Валверде е отпуштен пред крајот на сезоната, тогаш клубот ќе мора да најде друго решение. Покрај Куман, во игра се и Тиери Анри и Кике Сетиен. Сега, останува само да чекаме и да видиме што ќе се случи.