Connect with us

Други спортови

Три медали за македонските таеквондисти

Охридските таеквондисти освоија три медали на најсилниот Меѓународен ИТФ турнир во Пловдив, соседна Бугарија. Ова е солиден успех, со оглед дека Таеквондо клубот „Хва Ранг ИТФ” на „Бугарија Опен 2018″ настапи со преполовен состав. Медалите за охридскиот клуб ги донесоа Филип Трифуноски и Елена Јанеска.

Трифуноски се закити со сребрен медал во категоријата 12-13 години од 65 килограми, додека Јанеска два пати се искачи на третото место од пиедесталот. Јанеска на третата позиција заврши во категоријата борби 12-13 години и форми за жолт појас во истата возрасна категорија.

  • Директно двајцата наши натпреварувачи беа оштетени во финалето односно полуфиналињата. На судиските грешки им немаше крај. Гласот против судиските одлуки не го кренавме само ние, туку и другите федерации кои ги гледаа борбите. И не беше толку, туку и другите натпреварувачи се соочија со судиски грешки во корист на противници, изјави претседателот на клубот Марјанчо Лазаревски.

Сепак, македонските натпреварувачи не успеаја да обезбедат критериум за настап на Европско првенство, но тоа достигнување не е далечно, бидејќи клубот солидно се претстави на еден од најдобрите меѓународни турнири во овој регион.

ФОТО: Ohridnews