Connect with us

Други спортови

Тринаесет медали донесоа македонските бодибилдери од Балканско првенство

Бобан Ѓороски, претседател на Бодибилдинг и фитнес федерација на Македонија е задоволен од настапот на македонските бодибилдери на Балканското првенство во Србија.

-Тринаесет медали донесоа македонските бодибилдерите од 31. Балканско првенство одржано минатиот викенд во Србија. Нашите шампиони продолжија да нижат успеси. Со вкупно десет златни и три сребрени медали, заедно со едно петто место покажавме колку сме квалитетни. Се трудиме преку одлични настапи да ја оправдаме нивната доверба, истакна Бобан Ѓороски, претседател на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија.

Веќе следниот викенд (од 15 до 17 април) во Скопје македонските бодибилдери ги очекува настап на меѓународниот турнир „IFBB Herkules Grand Prix“.