Connect with us

Кошарка

Трипл-дабл на Дончиќ во триумфот на Далас над Клиперс

Орландо, 24 август 2020 (МИА) – Екипата на Далас го совлада Лос Анџелес клиперс со 135:133 по продолжение (24:34, 34:32, 35:19, 28:36, 14:12) и го изедначи резултатот на 2-2 во серијата прв до четири победи.

Најзаслужен за триумфот на Далас во четвртиот меч од 1. коло од плеј-офот во НБА лигата беше Лука Дончиќ кој имаше трипл-дабл со 43 поени, 17 скокови и 13 асистенции.

Следниот натпревар ќе се игра на 26 август.

Во второто коло веќе се пласираа Бостон и Торонто по „метлата“ против Филаделфија, односно Бруклин.

loading...

На чекор до конференциско полуфинале е и Јута по победата ноќеска над Денвер.

Резултати:
Филаделфија – Бостон 106:110 (0-4 во победи)
Далас – ЛА клиперс 135:133 (2-2)
Бруклин – Торонто 122:150 (0-4)
Јута – Денвер 129:127 (3-1). зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com