Connect with us

Фудбал

Трите услови исполнети, трансферот на Мбапе повеќе од сигурен!

Трансферот на Килијан Мбапе е повеќе од сигурен! Тој денеска испрати ново соопштение до агенцијата АФП во кое се наведува дека „никогаш не ни преговарал за продолжување на соработката по 2024 година“ и дека нема ништо против сега да замине, доколку ПСЖ сака да го продаде.

Мбапе на тој начин го принуди ПСЖ што поскоро да го продаде, бидејќи немаат многу избор, во спротивно следното лето ќе замине бесплатно.

„Ла Паризиен“ пишува дека се исполнети сите клучни услови, а тие се:

– Мбапе сака само да премине во Реал Мадрид и ги договорил сите лични услови

– ПСЖ се согласи да го продаде, но за минимум 150 милиони евра

– Реал Мадрид ги подготви парите и сака Мбапе по секоја цена да го замени Бензема

.Сега останува последната рунда преговори, но Флорентино Перез нема да ја пропушти оваа шанса и сигурно нема да штеди напори да го доведе Мбапе. Сопствениците на ПСЖ се разочарани од однесувањето на Мбапе и повеќе не сакаат да го толерираат неговото однесување и подготвуваат план за следната сезона без него. Мбапе смета дека трансферот по заминувањето на Бензема е совршен момент да го оствари својот сон и да се пресели во Реал Мадрид. Заклучокот е дека наскоро би можеле да видиме неочекуван трансфер на летот, сите три страни се подготвени за имплементација.