Connect with us

Фудбал

Триумф дури и на судските врати, Ливерпул веќе ќе има нов спонзор!

Изгледа дека Ливерпул триумфира не само на теренот, туку и надвор од него. Денес „Редси“ имаа судско сослушување со „New Balance”, спонзор на клубот.

Причината што случајот отиде на суд се однесува на фактот дека „New Balance” бараше обновување на договорот со Ливерпул. Компанијата со седиште во Бостон инсистираше на тоа дека има право да се обнови, осврнувајќи се на една од точките на договорот.

Сепак, Ливерпул е прогласен за победник на судењето. Се очекува новвиот спонзор на црвените да биде гигантот „Nike“. Ова ќе се случи следната сезона, со тоа што Ливерпул се очекува да потпише „тежок“ договор со американскиот гигант.