Connect with us

Кошарка

Тројца кандидати за МВП на сезоната на НБА лигата, а Лука Дончиќ?!

 

Џоел Ембид од Филаделфија, Стеф Кари од Голден Стејт и Никола Јокиќ од Денвер се кошаркарите кои влегуваат во изборот за МВП на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Според американските медиуми фаворит е српскиот кошаркар Јокиќ, кој има просек од 26 поени, 10,8 асистенции и 8,3 скокови.

Интересно е тоа што во ниту една конкуренција за најдобар на сезоната го нема Лука Дончиќ кој сезонава растури и практично бевме навикнати да постигнува 30 и повеќе поени. Сепак, според анализата на америкаснските медиуми тој не влегол во финалната трка заради слабиот почеток на сезоната на неговиот тим Далас, додека сегашните тројца имаат константно добри бројки зад себе.