Фудбал
Трошка надеж за Украина: Роман Абрамович пристигна во Киев!
Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович беше вклучен во мировните преговори меѓу Русија и Украина, кои не го дадоа посакуваниот ефект.
Последната рунда преговори се одржа на 29 март во Истанбул, каде што беше присутен и Роман Абрамович, но рускиот претседател Владимир Путин најави дека разговорите се прекинати и дека нападите ќе продолжат.
„Разговорите престанаа затоа што нема да се откажеме од нашата територија и од нашиот народ“, рече тогаш Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Се чини дека Роман Абрамович не бил обесхрабрен од односот на Владимир Путин и решил да замине во Киев, пишуваат Американците од Блумберг.
Во главниот град на Украина, рускиот олигарх се сретна со неколку луѓе вклучени во претходните рунди разговори, од украинскиот камп, за да ги утврди начините на кои би можеле да продолжат мировните преговори.
Роман Абрамович, познат како близок на Владимир Путин, што доведе до санкциите воведени од Британија, вклучително и оние поврзани со Челзи, е вклучен во мировните преговори од почетокот на војната.
Кон крајот на март, Володимир Зеленскиј дури побара од американскиот претседател Џо Бајден да не го става Роман Абрамович на списокот руски олигарси под американски санкции.
Причината за ваквата постапка на претседателот на Украина е улогата на Роман Абрамович како посредник во мировните преговори.