Connect with us

Други спортови

Трошоците за Олимпијадата во Токио неколкукратно повисоки од очекуваното

Организацискиот комитет на Летните олимписки игри – Токио 2020 соопшти дека досега се потрошени 25 милијарди долари, односно неколкукратно повеќе од очекуваното.

Во 2013 година кога Јапонија беше избрана за домаќин на Олимпијадата првичните проекции за трошоците изнесуваа 7,3 милијарди долари.

Во последниот финансиски извештај се наведува дека расходите за организацијата се близу 25 милијарди долари, но до завршувањето на подготовките тие уште ќе се зголемат.

Претходно, поранешниот претседател на Организацискиот комитет, Јоширо Мори, и гувернерот на Токио, Јурико Коике, соопштија дека јапонските власти за организација на игрите одвоиле средства висина од 13 до 15 милијарди долари.

Јапонскиот финансиски надзорен орган предупреди да се преземат соодветни мерки, бидејќи трошоците за Олимпијадата би ја надминале бројката од 30 милијарди долари.

Една од мерките за намалување на трошоците е дел од натпреварите да се одржуваат во постоечките објекти, а не во нови борилишта.