Тајмаут
Трпески во неверување со простува од својот колега: „Ти беше и ќе останеш перјаница на тренерската фела“
Спортскиот новинар и коментатор Игор Трпески со потресен статус на социјалната мрежа Фејсбук се прости од својот пријател, колега, другар…
Не, не и не…
Неможам да поверувам дека и ти не напушти. Загубив голем пријател и човек кој секогаш во нашите срца ќе остане запаметен по својата добрина.
Неможам да најдам зборови. Неможам да поверувам дека веќе нема да споделуваме мислења за нашата заедничка љубов кошарката. Маки ќе ми фалиш другар, ќе ми недостасуваат заедничките кафе муабети, ќе ми недостасува твојата смиреност, човечност и пред се љубовта која ја споделуваше со сите деца со кои си работел. Ти беше и ќе останеш перјаница на тренерската фела.
Верувам дека и таму на оној свет меѓу ангелите, ти ќе бидеш посветен на кошарката.
ПОЧИВАЈ ВО МИР ГОЛЕМ ПРИЈАТЕЛЕ.