Connect with us

Фудбал

Цел свет се обидува да разбере – ОФСАЈД?! (ВИДЕО)

Бизарна ситуација уште на стартот на турнирот!

Не поминаа ни пет минути, но целиот свет остана збунет поради асистенцијата од ВАР собата.

Еквадор поведе со голот на Валенсија, но Даниеле Орсато ја дочека реакцијата од ВАР-собата, од која го известија дека е – офсајд?

Додуша, на сите им останува нејасно кој момент е следен и кога точно бил во офсајд.

Ако ја погледнеме фотографијата погоре, топката не отиде кај играчот кој подоцна постигна гол, туку наводно се гледаше моментот кога Естрада беше чекор понапред.

Очигледно се работи за полуавтоматски офсајд за кој ќе почекаме стручно мислење и ќе ја разјасниме ситуацијата…

Facebook

Реклама