Фудбал
Цела Шпанија го критикува, но Азар одговори со шега
Еден Азар даде интервју за белгискиот весник „Ла Дерниер Хеур“. Фудбалерот на Реал Мадрид хумористично одговори на критиките за неговиот старт со „кралскиот“ тим.
„Не, немав напорна недела во Мадрид. Знам дека сите зборуваат многу за мене насекаде, затоа сум тука, но сè уште не го разбирам добро шпанскиот јазик. Затоа не можам да ги разберам критиките на шпански“, рече белгиската ѕвезда низ насмевка.
Азар, исто така, објасни како белгискиот репрезентативец се квалификуваше на Евро 2020.
„Секогаш се забавуваме кога играме фудбал. Точно, ние бевме апсолутни фаворити во групата за квалификациите, но тоа го покажува и расположението на нашиот тим. Тренерот ни рече дека целта сега е да се забавуваме и да се обидеме да победиме на секој натпревар. Ова покажува дека групата играчи се чувствува доволно добро што секогаш сакаат да победат. Исто така, покажува дека ние сме подготвени да направиме големи работи и на европското првенство“.