Connect with us

Фудбал

Целата тага на Манчестер Јунајтед во една акција (ВИДЕО)

„Црвените ѓаволи“ на домашен терен одиграа против Лестер во 31. коло од Премиершип, а резултатот на крајот беше 1:1.

Лестер поведе во 63. минута со голот на Ихеанах, но само три минути подоцна Фред израмни на 1:1.

Јунајтед можеше да победи во последните минути од натпреварот. Во фантастична шанса беше Рашфорд кој излезе сам да погоди и сите чекаа да упати удар, но потоа видовме неверојатна сцена.

На Рашфорд му пречеше соиграчот Еланга кој сакаше да ја удри топката, но наместо тоа го сопна својот соиграч и шансата пропадна.

Веднаш се виде колку Рашфорд беше лут што Еланга воопшто се вклучи во акцијата бидејќи беше во многу подобра позиција да упати удар и да му донесе победа на својот тим.