Connect with us

Фудбал

Целиот стадион „гореше“, а тој опуштено си пиеше кафе, хит фотографија на тренерот на Милан, Стефано Пиоли (ФОТО)

Милан дојде во Неапол со гол предност од првиот меч во Лигата на шампионите, а тренерот на гостите Стефано Пиоли се чини дека најде начин да ги опушти своите играчи пред реваншот. Шефот на тимот на Росонерите нарачал кафе пред почетокот на натпреварот! Слика која многу брзо го обиколи светот. Додека сите беа „на иглички“ и под притисок, тој изгледаше како најопуштениот човек на планетата. Италијанецот нарачал кафе, веројатно еспресо и го испил на клупата додека околу него веројатно „гореле“ трибините на стадионот „Диего Армандо Марадона“ и додека тензијата полека растела. Се чини дека го направи вистинскиот потег, бидејќи неговиот тим имаше предност по првите 45 минути.