Фудбал
Целосна распродажба во Челзи, мора да соберат 200.000.000, веќе направија листа
Челзи ги премести сите граници, кога се во прашање претходните два преодни рока, па така под водство на Тод Боли донесени се дури 16 играчи. Платени се неверојатни 611.000.000 евра, а сега „сините“ мораат итно да продаваат. Успеаја да го заобиколат финансискиот фер плеј, со тоа што договорите на играчите ги продолжија на многу сезони, но сега им се потребни 200.000.000 евра за да избегнат казна.
Поради тоа подготвена е листа за распродажба. Она што е чудно е тоа што на оваа листа има играчи кои уште ова зимо сакаа да заминат, но не им беше дозволено. Хаким Зијеш беше на чекор до ПСЖ, исто така Конор Галагер беше интересен за Њукасл, на Нголо Канте му истекува договорот, но можно е да го продолжи само да му овозможи на Челзи да заработи нешто.
Исто така во Челзи се надеваат дека дел од позајмените играчи би можеле да бидат откупени, како што е Лукаку. Обамејанг ништо не покажа, па соработката со него ќе биде завршена, а раководството се надева дека ќе успее да го продаде Мејсон Маунт на Ливерпиул. На листата за продажба се исто така Хаверџ кој игра солидно, но и голманот Кепа Аризабалага. Дали сето ова ќе биде доволно да се „закрпат“ дупките, останува да се види.