Connect with us

Фудбал

Целосно лудило на теренот: Се степаа играчи и тренери, Галата испадна од Европа (ВИДЕО)

Ноќта во нокаут фазата од Европската лига беше одбележана со судир меѓу фудбалери и тренери на Спарта Прага и Галатасарај по завршувањето на осминафиналниот натпревар од Европската лига. Галатасарај на болен начин беше елиминиран од чешкиот претставник. Првиот натпревар Турците го добија со резултат 3:2, а потоа долго време имаа резултат да минат и во Прага. До 75. минута беше 1:1, но потоа Чесите постигнаа три брзи гола и со голем стил се пласираа во осминафиналето на Европската лига.


Гостите тоа не го издржаа, па на теренот настана целосен хаос. Се судрија играчите и тренерите на двете екипи, а се резултираше со директен црвен картон за тренерот на гостите Окан Бурук. Се уште не е јасно што се случило и кој кого претепал. Од видеото може да се види дека фудбалерот на Спарта, Матеј Ринес, кој поради картонот бил во „цивилна облека“, жестоко се скарал со еден од членовите на стручниот штаб на Галатасарај, а потоа Турчинот го удрил со нога во стомакот.