Connect with us

Фудбал

Целосно лудилo,  од Саудиска Арабија му нудат 240 милиони евра! Мора да одлучи, пари или ЛШ?

Лаутаро Мартинез (25) добил неверојатна понуда од Саудиска Арабија – неименуван клуб од таа земја му дава 240 милиони евра! Станува збор за четиригодишен договор со кој би заработил 60 милиони евра по сезона, доколку реши да ја прифати понудата. Секако, тука е и прашањето за неговиот сегашен клуб Интер, кој би добил одредена сума на обештетување.

Информацијата за понудата ја пренесе аргентинскиот новинар Цезар Луис Мерло, но исто така нагласи дека „Лаутаро се уште не дал зелено светло и дека преговорите со италијанскиот тим се уште не се започнати“. Затоа, само во случај Аргентинецот да се согласи, тимот од Арабија ќе тргне во офанзива.