Connect with us

Фудбал

Цените на влезниците повисоки од македонска минимална плата-Месиманија ја полни касата на Интер, клубот од Мајами заработува цело богатство од билети 

Доаѓањето на Лионел Меси во САД значително го зголеми интересот за тамошните натпревари од МЛС лигата, а Интер од Мајами реши добро да го искористи присуството на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во своите редови.

На седум натпревари од Лига купот, кој го освои тимот од Мајами, Аргентинецот постигна дури десет гола, додека на првиот меч кој го одигра во МЛС лигата, доволно му беше половина час за да постигне гол во победата над Њујорк Ред Бул (2:0). Магијата што Меси ја покажува од ден на ден на терените ширум Америка е нешто што Интер сака да го заработи, а цените на билетите за мечот со Њујорк секако го потврдуваат тоа. Најевтиниот билет за овој дуел чинел дури 480 долари или 417 евра, или 26.000 денари. За споредба минималната плата во Македонија е 18.000 денари.