Connect with us

Кошарка

Цибона во голема неволја, им се закануваат колапс

Коронавирусот создава огромни проблеми за сите спортски колективи во светот.

Секако, проблемите се од финансиски природа, а некои клубови буквално се борат да преживеат.

Поранешниот европски првак Цибона се наоѓа во голема неволја, а за тоа зборуваше нивниот директор Домагој Чавловиќ.

„Јас сум одговорна личност и морам да го водам клуб. Јас ја намалив мојата плата за 50 проценти, но голем проблем се платите на играчите. Овие се претежно кошаркари кои имале едногодишен договор или оној чиј договор истекува во текот на летото. Раскинавме договори со некои играчи“, рече Чавловиќ, и додаде:

„Ако не добиеме ништо од Градот, тогаш сме на работ на колапс. За жал, никој во моментот не ги знае параметрите. Оваа состојба може да го „затресе“ секој, не само Цибона“, заврши Чавловиќ.