Connect with us

Други спортови

Циципас го освои Мастерсот во Монте Карло

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас победи на Мастерсот во Монте Карло.

За Циципас ова беше втор Мастерс во кариерата, а интересно двата ги освои во Монте Карло.

Во денешното финале со 0:2 го победи Алехандро Давидович Фокина, кој имаше одличен турнир, а меѓу другите го елиминираше и Новак Ѓоковиќ.

Финалниот дуел понуди добар тенис, многу борба, а Циципас го доби првиот сет со 3:6.

Во вториот сет Гркот имаше брејк и шанса рутински да го освои сетот, но Шпанецот се врати во мечот и го одведе сетот во тај брејк, каде Циципас подобро се снајде со 3:7 за конечни 6:7 и 0:2 во сетови.