Поврзи се со нас

Други спортови

Циципас го победи Рубљов, го испрати Тим во полуфиналето во Лондон

Стефанос Циципас го совлада Андреј Рубљов во три сета во рамки на 2.коло во групата „Лондон“ на завршниот мастерс турнир. По двочасовна битка, Циципас беше подобар од дебитантот Андреј Рубљев, кого го доби со 2-1 во сетови (6-1, 4-6, 7-6). Првиот убедлив сет не наговестуваше ваков борбен натпревар за Русинот, кој беше во игра за победата до самиот финиш.

Циципас го доби првиот сет преубедливо со 6:1 и најави лесна победа, но Русинот го возврати ударот и со 6:4 во вториот сет, се избори за решавачки трет сет.

Во него немаше брејкови и загубени сервиси, па тај-брејкот го решаваше победникот на мечот.

Циципас водеше со 5:2, па дозволи Рублев да дојде на 5:6, но рускиот тенисер не ја искористи меч топката, по што следуваше серија на Циципас за 8:6 и победа на овој дуел со 2:1 во сетови.

Победата на Циципас значеше дека Доминик Тим е првиот полуфиналист на АТП финалето во Лондон, бидејќи Австриецот во првото коло го победи Гркот, а денеска го совлада и Надал со 7-6 и 7-6.

loading...

Facebook