Connect with us

Други спортови

Циципас: Младите треба да ја сопрат хегемонијата на „Големата тројка“

Помладите играчи мора да преземат одговорност и да ја прекинат хегемонијата на „Големата тројка“ на претстојниот „Вимблдон“, изјави светскиот број 6, Гркот Стефанос Циципас. Од 2003 година, еден меѓу Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Енди Мареј ја освојувал титулата на „Ол Ингланд Клаб“, а Швајцарецот освоил за периодот осум титули.

Поранешниот шампион во турнирот, Борис Бекер неодамна изјави дека помладата генерација е неспособна да ја предизвика „Големата тројка“ – Федерер, Надал и Ѓоковиќ – кои го имаат освоено секој Гренд слем турнир во последните 2 години и половина – и Циципас се надева дека ќе ја прекине оваа доминација на „Вимблдон“.

„Би сакал да видам нов шампион оваа година. Да се ​​надеваме дека тоа ќе бидам јас“, рече 20-годишниот грчки тенисер за новинарите.

„Ќе биде добро за тенисот, тоа ќе ја донесе неопходната разновидност. Ние сме одговорни како претставници на новата генерација да работиме напорно за да ги победиме овие хегемони. Некои од нас не се доволно одговорни за да ги предизвикаат најдобрите и да ги победат на големата сцена“, додаде тој.

Циципас веќе ги надигра Федерер и Надал соодветно на Австралија Опен и Мадрид оваа сезона, но рече дека не зависи само од него и 22-годишниот колега од младата генерација Александар Зверев да се лидери на следната генерација.

„Има и други. Феликс, Денис, Тејлор, Алекс, Френсис … ние сакаме едно големо ривалство за во иднина“, заврши светскиот број 6.

Циципас е ставен под број 1 на турнирот во Квинс, кој е подготвителен пред „Вимблдон“, и започнува против Британецот Кајл Едмунд во првиот круг денеска.

„Вимблдон“ започнува на 1 јули.

Standard.mk