Други спортови
Циципас пред финалето со Ѓоковиќ дозна тажната вест
Во вчерашното големо финале на Роналд Гарос, Новак Ѓоковиќ славеше по пресвртот со 3:2 против грчкиот тенисер Стефанос Циципас.
Најдобриот грчки тенисер претрпе пораз на овој натпревар, но тој на некој начин е победник, од ментална страна, бидејќи сепак излезе на теренот во тешки моменти за него.
Според грчката Газета, Циципас дознал пет минути пред да пристигне на стадионот „Филип Шатрие“ во Париз дека починала неговата баба, за која бил многу приврзан.
Таа информација се криеше во јавноста до крајот на финалето каде и покрај водството од 2:0, тој беше поразен од првиот рекет на планетата, што беше 19-та титула за победник на еден грен слем, и тој ја сподели вести со јавноста преку неговиот Инстаграм по натпреварот.
Колку му било тешко, најдобро докажува неговата реакција при обраќањето на крајот од мечот, каде што најде сила да се каже нешто.
View this post on Instagram