Connect with us

Фудбал

„Црна листа“ на Баерн Минхен: Заминуваат дури 15 играчи

Баерн летово би можел да се соочи со сериозни и големи кадровски промени.

Во центарот на вниманието секако е Роберт Левандовски кој јасно стави до знаење дека сака да замине ова лето иако има договор за уште една година. Не е познато дали Баерн на крајот ќе го продаде, но се верува дека Полјакот на крајот ќе го напушти Минхен.

На списокот на оние кои би можеле да си заминат има дури 15 фудбалери, објави порталот 90min.de. Покрај Левандовски, кој сега е најблиску до Барселона, во Шпанија би можел да се пресели и Серж Гнабри. Интерес за Германецот, меѓу другите, искажа Реал Мадрид. Офанзивниот играч за врска го одби предлогот за нов договор со Баерн и има многу индикации дека и тој наскоро ќе ја напушти баварската престолнина.

Неколку други играчи исто така неодамна изразија желба да го напуштат Минхен. На списокот на играчи кои може да се продадат ова лето се имиња како Марсел Сабицер и Марко Роко. За вториот Баварците би можеле да добијат и до 15 милиони евра.

Неизвесна изгледа и иднината на Ерик Максим Чупо-Мотинг, кој доби понуда од Катар. Џошуа Циркзи, кој минатата сезона ја мина на позајмица од Андерлехт, би можел да премине во Штутгарт.

Неколку резервисти и млади играчи би можеле да го напуштат Баерн ова лето. Фудбалерите како Омар Ричардс, Крис Ричардс, Малик Тилман, Кристијан Фрухтл или голманот Рон Хофман не ја делат својата иднина со германскиот шампион. Клубот би можеле да го напуштат и Адријан Фејн, Ларс-Лукас Маи, Јан Фиете-Арп и Кристофер Скот.

Секако дека заминувањата ќе донесат нови пристигнувања, а најголемото засилување треба да биде Садио Мане, крилниот напаѓач кој ќе биде купен од Ливерпул. Сенегалецот има договор со „црвените“ до следното лето, но јасно стави до знаење дека нема намера да остане на „Енфилд“.