Ракомет
„Црните облаци“ над Вардар заминуваат, новиот газда прави „старо-нов“ тим?!
Долгогодишниот финансиер на Вардар во минатото и прв човек на СЕХА лигата, Михајло Михајловски ги засукал ракавите и работи на формирање на составот за следната сезона. Според информациите Михајловски ќе се обиде да ги задржи најдобрите, но и да донесе нови играчи кои биле квалитет во ротацијата за битката на неколку фрона, пред се Лигата на шампионите.
Период на стабилизација е пред Вардар. Наскоро ќе се знае дали ќе останат Дибиров, Стоилов, Чупиќ, Ристовски, тренерот Стефче Алушовски и други.