Connect with us

Фудбал

Црвена Звезда ги моли властите: Сакаме 15000 навивачи, ќе ги почитуваме сите мерки

На 18-ти февруари Црвена Звезда го игра еден од најголемите мечеви во последните години. Во Белград им гостува Милан, во рамките на Лига Европа. Но, поради пандемијата со коронавирусот, стадионите и таму се затворени.

Сепак, раководството на тимот ги моли здравствените власти да им дозволат 30 отсто од капацитетот на стадионот, а тоа би било околу 15 илјади навивачи.

-Црвена Звезда е подготвена да го организира мечот со присуство на 30 отсто навивачи од максималниот капацитет на стадионот, во согласност со протоколите на УЕФА за организација на мечеви во текот на пандемијата со Ковид 19, се наведува во соопштението.

Засега од здравствените власти, шампинот на Србија не доби одговор. Мечот се игра во четврток во 18:55 часот.