Фудбал
Црвена Звезда го сака 19-годишниот дефанзивец на Вардар, цената е 300 илјади евра
Челниците на српскиот шампион, Црвена Звезда се заинтересирани за младиот дефанзивец на Вардар, Марио Младеновски.
Звезда и Вардар вчера ги одмерија силите на подготовките, натпреварот заврши без голови, а ова беше една од препораките за Младеновски, кој успешно со помош на соиграчите ги скроти сите напади на српскиот шампион. По натпреварот, претставниците на двата клуба се состанаа на вечера, распрашивајќи се за играчот, а наводно се спомна цифра од 300.000 евра, што тимот од Белград ќе мора да ја платат за 19-годишниот играч.
Талентираниот стопер е млада репрезентација на Македонија кој има одиграно само шест натпревари за првиот тим на Вардар. Според тоа, јасно е дека доколку постои интересот на Црвена Звезда, за Младеновски тоа би било залог за иднината.
Кога станува збор за стопери , Звезда ги има на располагање Милош Дегенек, Немања Милуновиќ, Радован Панков и Срѓан Бабиќ, додека Страхиња Ераковиќ е на вратата на првиот тим . Во еден момент се зборуваше дека Слободан Рајковиќ е близу да се пресели во таборот на српскиот шампион, но тогаш тоа беше идеја додека постоеше можноста Дегенек да го напушти клубот.
Според ова, Младеновски веројатно најпрво би се докажувал некаде на друго место на позајмица, бидејќи во овој момент тешко можел да го достигне до место во првиот тим.