Кошарка
Црвена Звезда со пораз од Фенербахче
Црвена Звезда загуби кај Фенербахче (61-57) и со пораз ја отвори новата сезона во кошаркарската Евролига.
Во скромниот поентерски натпревар Дајшон Пиер беше предводник на Фенербахче со 13 поени и 4 скока, додека Никола Ивановиќ со 16 поени и 6 асистенции беше првото име во редовите на белградскиот тим.
Неизвесноста изостана на другите два меча од 20 часот. Лион Вилербан го победи Жалгирис со 88-76, а Олимпијакос беше многу убедлив против Басконија, и славеше со 75-50.