Connect with us

Фудбал

Црвена звезда заинтересирана за поранешниот капитен на Милан?

И Црвена звезда се подготвува да ја продолжи сезоната и се обидува да најде соодветно засилување.

Вчера, дури и денес, во соседството се шират шпекулации дека добро познато име, поранешниот капитен на Милан, Игнацио Абате, може да пристигне на „Маракан“.

Приказната ја започна белградскиот портал, а наводно тренерот на Звезда, Дејан Станковиќ конечно ги „влече врските во Италија“ за да му обезбеди на тимот квалитетно засилување.

Црвено-белите имаат проблеми со недостаток на бекови, а искусен Абате би ја зголемил конкуренцијата со Гобелиќ.

Патем, овој 33-годишен десен бек е без клуб уште од минатото лето кога го напушти Милан.

Италијанските медиуми шпекулираа дека Абате летово можеби ќе замине во МЛС или Лече, но искусниот дефанзивец е сеуште без клуб.

Игнацио Абате ја започна својата кариера во Милано и со текот на годините собра 306 настапи во дресот на „росонерите“. Тој во својата кариера настапуваше за Модена, Наполи, Емполи, Торино, Пјаченца.