Фудбал
„Црвените ѓаволи“ нудат 80 милиони – не е доволно!
За интересот на Манчестер Јунајтед за корпулентниот стопер на Наполи, Калиду Кулибали, се пишува веќе подолго време.
Покрај Јунајтед, ПСЖ и Ливерпул се екипи кои се поврзуваат со Сенегалецот. Тој самиот би претпочитал трансфер во ПСЖ, но пред неколку дена се појавија шпекулации дека Кулибали во моментов е прескап за „светците“.
Сега „Sky Sport Italia“ тврди дека Манчестер Јунајтед испратил официјална понуда до Наполи, во висина од 80 милиони евра. Сепак, истата, наводно, нема да биде доволно затоа што Наполи и првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис, сепак инсистираат на 100 милиони евра.
И, 100 милиони евра, сепак, претставува одреден попуст затоа што минатата година Де Лаурентис гласно објави дека Кулибали нема да замине од клубот за помалку од 120 милиони.
Кулибали наскоро ќе наполни 29 години и има се помалку и помалку време Наполи да заработи прекрасна сума пари од оваа продажба …