Connect with us

Кошарка

ЦСКА (М) го спушти „Кралот“ на колена

Рускиот кошаркарски гигант, екипата на ЦСКА Москва, излезе како победник во дерби дуелот со Реал Мадрид со 93:88, во рамки на десетото коло од Евролига. Составот од Русија успеа да го надигра европскиот шампион во мечот на двете најдобри екипи во досегашниот дел од ова натпреварување. Двата клуба добија по две четвртини, меѓутоа поубедливи во своите периоди беа „армејците“.

Најефикасен во победничкиот тим беше Кори Хигинс со 24 поени, додека Клајбурн забележа 18 кошеви. Во домашниот табор прво име беше плејмејкерот Кампацо со 23 поени, 2 асистенции и 3 украдени топки.

Резултати: Дарушафака – Гран Канарија 71:75, Жалгирис – Армани Милано 83:78, Макаби ТА – Баерн 95:71.