Поврзи се со нас

Кошарка

ЦСКА Москва триумфално низ Минхен – Басконија си „поигра“ со ПАО

ЦСКА Москва триумфираше со 81-89 на гостувањето против Баерн Минхен во дербито на десеттата рунда натпревари во Евролигата. Актуелниот европски првак ја запиша петтата победа во низа, а воедно ја прекина победничката серија на Баварците од четири триумфи.

Во меѓувреме Басконија беше убедлива против Панатинаикос со 93:72, додека претходно Анадолу броеше со 105 поени во победата над Химки (105:77).

Клучен период беше втората четвртина во која шпанските кошаркари си создадоа солидна позитива, која до крајот на само ја надградуваа и застанаа на плус 21 поен. Питерс и Вилдоза со по 19 поени беа најзаслужни за победата на Басконија, додека кај грчкиот тим најпрецизен беше Папапетроу со 17.

loading...

Facebook