Connect with us

Други спортови

Цветановска го освои 95-то место од 98 натпреварувачи на крос-кантри на ЗОИ во Пекинг

Македонската скијачка Ана Цветановска утрово во Пекинг го имаше своето деби на едни зимски олимписки игри. Нашата скијачка настапи во крос кантри трката на 10 километри на ЗОИ Пекинг 2022.

Ана Цветановска натпреварувањето во крос-кантри на 10 километри во конкуренција на 98 натпреварувачки стигна само до 95. место со време од 39:57.7.

Првото место и припадна на Норвежанката Тереса Јохауг која натпреварувањето го заврши со време од 28:06.3 што беше за четири стотинки подобро од второпласираната Керту Нисканен од Финска. Бронзата и припадна на Криста Пармакоски за два медела на Финците.

Со денешната трка го завршува настапот на Зимските олимписки игри. Претходно поради ситуацијата со КОВИД-19 и големиот број на пријавени натпреварувачи, Ана не настапи на трката (жени) на 7,5+7,5 км во скијатлон.