Connect with us

Други спортови

ТЦР шампионат: Шесто место за Иџе на патеката „Гробник“

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе на трката ТЦР Источна Европа, возена на патеката „Гробник“ во хрватска го освои шестото место. Тој го скокна првото натпреварување во Италија, па со ова достигнување во генералниот пласман има 16 бодови.

Стефановски во генералниот пласман е на шестото место, следен предизвик се трките во Словачка во претпоследниот викенд од Август.