Фудбал
Тухел добива оштета од 15 милиони евра поради отказот
Поранешниот менаџер на Челзи, Томас Тухел, сега ќе добие околу 15 милиони евра оштета поради предвремен раскин на договорот со Челзи, тврди „Дејли мејл“.
Покрај тоа, околу 2,5 милиони евра ќе добијат и помошниците на Тухел. Договорот на германскиот специјалист истекуваше во 2024 година.
49-годишниот тренер го водеше лондонскиот тим од јануари 2021 година, откако со него ја освои Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.