Фудбал
Тухел го одработе првиот тренинг со Баерн Минхен и удри клоца на една од ѕвездите (ВИДЕО)
Новиот тренер на Баерн Минхен, Томас Тухел кој дојде на местото на Нагелсман, кој изненадувачки доби отказ, го имаше првиот тренинг со Баварвите, или оние кои што немаат обврски со своите репрезентации.
Tuchel & Sané [🎥 @ransport]pic.twitter.com/VhI9j7bbDu
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) March 28, 2023
Дел од тренинзите е и Лерој Сане, кој поради повреда не тренираше извесен период, а поради тоа и не доби повик за настап во репрезентацијата. На социјалните мрежи се појави видео од тренингот на Баерн, а на него се гледа како Тухел му удира клоца. Се разбира ова не беше толку силно, а причината ја знае само Тухел.