Connect with us

Фудбал

Тухел ја објасни ситуацијата со Алонсо и откажаниот слободен ден за играчите

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, негираше какви било проблеми меѓу него и шпанскиот фудбалер Маркос Алонсо по ремито 2-2 со Вулверхемптон во 36. коло од Премиер лигата. 31-годишниот Алонсо беше заменет на паузата и не го криеше незадоволството, но Тухел рече дека се меѓу двајцата веднаш е разјаснето.

Ништо повеќе не се случи по првото полувреме. Работите се јасни. Тоа се случува“, изјави Томас Тухел, кој додаде дека не го откажал планираниот викенд по натпреварот како казна за играчите. “Едноставно не беше време за слободен ден. Подобро беше да бидеме заедно, да направиме анализа и да го имаме мислењето на сите. Одработивме многу лесен тренинг”, додаде германскиот специјалист.