Фудбал
Тухел: Не сакам да го продадам, но никој не ме прашува
Томас Тухел, тренерот на ПСЖ, на неодамнешната прес-конференција зборуваше за евентуалното заминување на уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани.
„Уживам во оваа група на играчи што ја имам и сакам да одиме заедно до крајот на сезоната“, рече Тухел.
„Не сакам тој да си замине, но тоа може да се случи наскоро, затоа што тоа не зависи од мене. Тоа е реалноста, не сум само јас. Сега Кавани е дел од групата, но работите можат да се променат многу брзо“, рече тренерот на ПСЖ.
„Тој мора да се бори како и сите други за да игра. Неколку пати е повреден, но тоа не е ниту негова вина ниту наша. Ја разбирам неговата ситуација“, рече Тухел.