Connect with us

Фудбал

Тухел објасни што му треба на Лукаку

Драмите на напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку пред крајот на оваа сезона се поради недостаток на физичка подготовка и белгискиот репрезентативец мора да најде „искра“ за да ја продолжи кариерата во лондонскиот клуб, изјави менаџерот Томас Тухел. 28-годишниот фудбалер не успеа да се прослави по неговиот трансфер на Интер Стемфорд Бриџ минатото лето, со само пет голови во Премиер лигата оваа сезона поради ограничената минутажа и здравствените проблеми.

„Се што му треба е оваа искра. Можеби ќе биде стартер против Кристал Палас, со оглед на минутажата на Каи Хаверц. Но, по периодот на повреда, му недостигаше физичка подготвеност за натпреварите. Не покажувам со прст кон него, само е факт… Ромелу можеби мораше да даде гол против Реал Мадрид и Кристал Палас, но ако игра, мора да покаже се за што е способен“, изјави Тухел пред да му гостува на Арсенал во одложениот натпревар од Премиер лигата.

Играчот од средниот ред Матео Ковачиќ ќе пропушти најмалку две недели откако го повреди зглобот во полуфиналната победа над Палас за ФА Купот, а поради повреди отсуствуваат и Калум Хадсон-Одои и Бен Чилвел.

„Кова е надвор од игра, повреда на врската… Бен ќе може да се приклучи на тимските тренинзи со младинскиот тим, ова ќе биде неговиот следен чекор и се надеваме дека ќе може да се приклучи на нашиот тренинг на крајот од Калум напредува од ден на ден“, рече Тухел.

Челзи е трет во Премиер лигата со 62 бода, 5 пред четвртопласираниот Тотенхем и два натпревари помалку.

“Ќе се бориме напорно. Ни претстојат четири важни натпревари за краток период со Арсенал, Вест Хем, Манчестер Јунајтед и Евертон… голем предизвик и физички и психички. Се чини дека работите се сосема безбедни за нашето место во Топ 4, но ситуацијата може многу брзо да се промени“, заклучи германскиот специјалист.

Реклама

Facebook