Поврзи се со нас

Фудбал

Тули кокаин и марихуана, нокаутиран човек на патот и Мајк Тајсон

Животот на Мајк Тајсон секако може да се опише во неколку филмски продолженија.

Она низ што поминал во текот на неговата кариера може да послужи како страшно сценарио за врвен филм, а Ајрон Мајк често открива детали од минатото на неговите подкасти.

Тој сега опишува како на сред автопат се обидел да го претепа Дон Кинг, неговиот поранешен промотор и човекот кој измами му одзеле стотици милиони долари во 90-тите години на минатиот век.

„Возевме по автопат и следното што го паметам полудев и го удрив момчето (возачот на Дон Кинг). Штом го направив тоа, тој застана на сопирачката, а штом застана почнав да го тепам Дон на предното седиште. Се обидов да ја убедам девојка ми да го држи за да можам да го удрам најдобро што можам бидејќи вака не можев“, открива Тајсон и продолжува:

„Го пуштив и тој излезе од автомобилот. Се обидов да го стигнам, но тој успеа да избега, се оддалечи и ме остави на патот. Тука беа мојата девојка и пријателите“.

Но не заврши се тука.

„Одевме по патот, минуваа автомобили, а потоа се појави еден од неговите безбедносни луѓе. Тој не знаеше ништо, мислеше дека сме заглавени на патот. Застана, а јас сум лут затоа што работи за Дон и тогаш го нокаутирав. Полицијата дојде, а мојата девојка има тули од кокаин и марихуана во кутијата што ја држеше. Не возеше до хотелот и само ме праша дали е сè во ред? Тули од кокаин и марихуана беа тука, требаше да сум во лисици, а не во хотелот. Човек беше нокаутиран на автопатот, а ништо не ме прашаа за тоа“, ја заврши Тајсон приказната.

loading...

Facebook