Фудбал
Туре на крајот на сезоната го напушта Сити
Јаја Туре ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната, потврди менаџерот на клубот Пеп Гвардиола во петокот.
На Туре во јуни му истекува договорот, а по осум години ќе го напуштат Сити.
“Јаја дојдоа тука кога започна целата авантура. Овде сме поради се она што има направено за клубот.
Не смееме да го заборавиме периодот на Роберто Манчини и особено Мануел Пелегрини, кога Јаја Туре беше клучен играч во тимот.
На натпреварот со Брајтон, ќе му го дадеме она што го заслужува, најубавото можно простување за еден играч “, рече Гвардиола во петокот.