Фудбал
Турски дерби циркус: Голманот реши да се бори со Икарди и половина Галатасарај (ВИДЕО)
Дербито меѓу Галатасарај и Коњаспор (2:1) во турскиот шампионат беше повеќе од возбудливо.
Тимот од Истанбул до триумфот стигна во 82. минута со автоголот на Калво, кој очигледно предизвика сериозна тензија во гостинскиот тим.
А најнервозен кај гостите беше босанскиот голман Ибрахим Шехиќ, кој доби жолт картон во 86. минута, а само три минути подоцна втор жолт картон по пресметката со речиси целиот тим на Галатасарај.
По еден корнер во шеснаесетникот на Коњаспор, Шехиќ ја фати топката, а потоа се судри со играч на Галатасарај.
Quand Mauro Icardi se bagarre avec Ibrahim Sehic, gardien de Konyaspor. pic.twitter.com/WJjszFfBG6
— Vibes Foot (@VibesFoot) September 16, 2022
Шехиќ не можеше да се воздржи и се судри со Мауро Икарди, а потоа и со уште неколку играчи на Галатасарај. На крајот иронично му аплаудираше на судијата, за што беше исклучен со црвен картон.