Connect with us

Фудбал

Турскиот талент никако да дебитира за Реал Мадрид, нова повреда!

Расположението во Реал Мадрид не е баш на највисоко ниво по поразот од градскиот ривал Атлетико, а најновите вести не придонесуваат за подобрување. Реал потврди дека младиот турски фудбалер Арда Ѓулер повторно е повреден, а за дебито за „кралскиот клуб“ ќе мора да почека уште најмалку три недели.

Да потсетиме, Ѓулер пристигна во Реал од Фенербахче за сума од 20.000.000 евра, но не долго потоа се повреди на тренинг и го оперираше менискусот поради што го пропушти стартот на сезоната. Пред неколку дена почна да тренира со полна брзина со првиот тим, дури и Карло Анчелоти најави дека Турчинот може да добие шанса против Лас Палмас, но во меѓувреме клубот ја потврди повредата.