Фудбал
Тутуспорт: Роналдо останува верен на Јувентус
Кристијано Роналдо пристигна во Јувентус летото 2018 година од Реал Мадрид и потоа потпиша четиригодишен договор со Старата дама.
И покрај шпекулациите за можен трансфер на Роналдо во ПСЖ, „Тутуспорт“ уверува дека брилијантниот Португалец има намера да го одработи својот договор со Јувентус до крајот.
Споменатиот весник објаснува дека Роналдо има одлична врска со „Бјанконерите“, а истото продолжило и во комплицираното време на пандемијата на коронавирусот.
34-годишниот Роналдо глобална пандемија на коронавирусот ја поминува во родната Мадеира, со својата девојка и децата.
Кристијано Роналдо исто така имаше одличен настап во дресот на Јувентус и оваа сезона, до прекинот на натпреварувањето. Така тој постигна 25 голови на 32 натпревари.