Тајмаут
Уапсени 11 лица за обид за убиство на Дарко Ковачевиќ, меѓу нив и поранешен играч на Реал
Во обидот за убиство на Дарко Ковачевиќ уапсени се 11 лица, меѓу кои и поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Раул Браво.
Поранешниот дефанзивец на „кралевите“ во последниве години организираше криминална група за да се справи со местење натпревари и перење пари.
Поради ова, тој во минатото често беше зад решетки, а по излегувањето, тој реши да оди еден чекор подалеку и реши да го замолчи Ковачевиќ.
Така, тој е главниот осомничен за атентатот врз поранешниот репрезентативец на Србија и наводно решил да го предупреди Ковачевиќ да престане да зборува за неговите сомнителни работи.
Ковачевиќ, наводно, честопати зборувал за сомнителни детали од натпреварите што ги наместил Раул Браво и се ставал во сериозна опасност.
Покрај Раул Браво, уште 10 лица се зад решетки и наскоро, најверојатно, ќе бидат познати сите информации за обидот за убиство.
Ковачевиќ и Браво беа соиграчи во тимот на Олимпијакос од 2007 до 2009 година