Connect with us

Тајмаут

Убавата Јоханис остана без нога по сериозната несреќа во куќата

Јоханес Менко, колумбиска голманка, остана без нога по бизарната несреќа во нејзиниот дом.

Менко, која е член на тимот на Сан Андрес, се здобила со сериозен пресек на ногата откако случајно удрила во стаклена врата и сериозно ја повредила феморалната артерија.

Меко беше подложена на итна операција. Лекарите се обидоа да ја спасат ногата двапати, но за жал не успеаја.Таа ја изгуби ногата.

View this post on Instagram

#TBT siempre con la pecosa ⚽️

A post shared by Johanis Menco ? (@johanismenco) on

За среќа, клубот не се откажа од 25-годишната голманка. Таа ќе остане дел од семејството и иако кариерата е завршена, таа ќе добие втора работа во клубот откако ќе ја напушти болницата.

Во моментов, Јоханис е на интензивна нега и е во добра состојба.