Фудбал
Убавицата објави потресна фотографија со голманот на ПСЖ: 22 дена се бореле за неговиот живот, таа едвај чекала да го види! (ФОТО)
Конечно успеавме да го видиме Серхио Рико! 28-годишниот голман на Пари Сен Жермен се здоби со тешка повреда кога падна од коњ за време на летната пауза, а сега неговата сопруга Алба Силва сподели слики од болница два месеци по несреќата. Искусниот голман пред ПСЖ играше за Севиља и Фулам.
Неговата сопруга, Алба Силва објави фотографија покрај својот сопруг и напиша: „Добро ни е“ и додаде: „Немам многу да те научам или да кажам, а можеби имам. Веројатно би можела да напишам книга со сите овие емоции за тоа како се чувствувам овие два месеци, но избирам да се држам до она што е важно. Тоа е фактот дека ние сме добро и не можам да ви се заблагодарам доволно за се пораките за поддршка“.